Senior Full-Stack Developer

Интервеј е компанија специјализирана за обезбедување на најсовремени ИТ решенија базирани на најнова технологија. Нашите клиенти се банки, пензиски фондови, инвестициски фондови и други финансиски институции во Македонија и САД.

Стани дел од тимот на Интервеј, комуницирај директно со нашите клиенти, развиј сопствена мрежа на контакти и биди ценет и почитуван. Во моментов имаме потреба од кандидат:

Senior Full-Stack Developer


Главни должности и одговорности:
  • Развој и одржување на банкарски и други финансиски информациони системи
  • Надградба на банкарски информационен систем и мобилни апликации
  • Развој на нови финансиски информациони системи и мобилни апликации

Потребни квалификации:
  • Добро познавање на C#, NET Framework, MVC
  • Познавање на Angular, вклучувајќи HTML, JavaScript, jQuery, CSS
  • Добро познавање на SQL и MySQL Server
  • Одлично познавање на Објектно-ориентирано програмирање
  • Одлично познавање на релационен модел на бази на податоци и ORM
  • Познавање на англиски, пишан и говорен
  • Работно искуство минимум 4 години

Плус квалификации:
  • .NET Core
  • Design Patterns
  • Solid Design Principles
  • DI/IOC
  • Webserver IIS
  • Security : JWT/SAML
  • VCS: Git
  • Способност за брза анализа и решавање на проблеми на критични системи
  • Добра комуникација со клиентите
  • Познавање на Java
  • Познавање на Ionic

Ако ова ви звучи интересно и верувате во Вашето искуство и личен став можете да додадете голема вредност на нашиот тим, тогаш ве молиме испратете CV на следниот маил contact@interway.com.mk