Дома
Клиенти
Сервиси
Продукти
Контакт
За нас
 
За нас...

    Интервеј е компанија специјализирана за обезбедување на ИТ консултантски услуги, апликации и технички решенија за управување со финансиските информации. Нашата база на клиенти вклучува банки, брокерски куќи и други финансиски институции, корпорации и поединци. Основана во 1994 година, Интервеј прерасна во клучен добавувач на решенија за македонската банкарска и брокерска индустрија.
    Во развојот на продукти, нашите маркетинг специјалисти и инженери секогаш ја разбираат потребата од предвидување на развојот на пазарот и предвремено реорганизирање на трендовите. Желбата за престиж, одличните познавања на финансиската информациона индустрија и долгогодишното искуство, овозможуваат тимот на Интервеј да развива брзи и ефикасни решенија.
    Нашата основна компетентност се заснова на одличните технолошки и финансиски знаења, како и на големиот број на технолошки-базирани решенија дизајнирани да ги задоволат потребите на финанските стручњаци, банки, компании и приватни поединци.
    Пет клучни фактори ги откриваат квалификациите на Интервеј:

  • Одличното технолошко позанавање од широкиот опсег на ИТ платформи, оперативни системи, податочни системи и развојни алатки;
  • Одличното финансиско позанвање на системи за ERP (Enterprise Resource Planning – Планирање на ресурсите на претпријатието), банкарскиот сектор, тргување со хартии од вредност, пензиски системи, пазарот на пари и SWIFT технологии;
  • Искуство и познавање на сервисите за процесирање на картички;
  • Добро воспоставена мрежа со контакти во организации кои работат со финанскиски услуги Во Македонија и пошироко;
  • Позанвање на постоечките Финансиски Информациони Системи во Република Македонија и од околината на Југоисточна Европа;

Copyright © 2012 - www.interway.com.mk