Сервиси

MyIQFinance

MyIQFunds

Продукти

Клиенти

За Нас

Историја

Интервеј е компанија специјализирана за обезбедување на ИТ консултантски услуги, апликации и технички решенија за управување со финансиските информации.

Нашата база на клиенти вклучува банки, брокерски куќи и други финансиски институции, корпорации и поединци.

Основана во 1994 година, Интервеј прерасна во клучен добавувач на решенија за македонската банкарска и брокерска индустрија.









Развој

Во развојот на продукти, нашите маркетинг специјалисти и инженери секогаш ја разбираат потребата од предвидување на развојот на пазарот и предвремено реорганизирање на трендовите.

Желбата за престиж, одличните познавања на финансиската информациона индустрија и долгогодишното искуство, овозможуваат тимот на Интервеј да развива брзи и ефикасни решенија.

Нашата основна компетентност се заснова на одличните технолошки и финансиски знаења, како и на големиот број на технолошки-базирани решенија дизајнирани да ги задоволат потребите на финанските стручњаци, банки, компании и приватни поединци.


Клучни Фактори

  • Одличното технолошко позанавање од широкиот опсег на ИТ платформи, оперативни системи, податочни системи и развојни алатки
  • Одличното финансиско позанвање на системи за ERP (Enterprise Resource Planning – Планирање на ресурсите на претпријатието), банкарскиот сектор, тргување со хартии од вредност и SWIFT технологии
  • Искуство и познавање на сервисите за процесирање на картички
  • Добро воспоставена мрежа со контакти во организации кои работат со финанскиски услуги Во Македонија и пошироко
  • Позанвање на постоечките Финансиски Информациони Системи во Република Македонија и од околината на Југоисточна Европа


Вработување

Од креативни идеи до успешни производи!

Работењето во пријателска и оптимистичка средина е од големо значење за успехот на проектите, особено кога се работи за проекти со динамично темпо. Во Interway се поврзуваме со луѓе кои се грижат за сопствениот развој како и за подобрувањето на вештините стекнати при работа во тим. Со посветеност и упорност, веруваме дека заедно можеме идеите да ги доведеме до реалност!

Разгледај ги нашите отворени позиции

Senior Full Stack Developer

Junior Software Developer

Пракса

Започнете ја Вашата кариера со нас!

InterWay им дава можност на студентите да прераснат во ИТ професионалци. Ако сакате пракса и сакате да ја започнете Вашата кариера со нас пратете го Вашето CV на
contact@interway.com.mk

Контакт

Телефон

+389 (2) 3298 004

Меил

contact@interway.com.mk

Адреса

ул. Кирил и Методиј бр.48 локал 7 Скопје Македонија